Денешниот натпревар на РК Радовиш беше еден тренинг против екипата на РК Металург 2. Со 49 погодици нашите ракометари ја наполнија мрежата на гостинскиот тим.
Одличната игра на нашата екипа во првото и второто полувреме беше еден прекрасен спортски момент и натпревар во кој ужуваа радовишани кои беа присутни во спортската сала во Радовиш, и останатите гледачи кои го следеа натпреварот во живо на каналот на РК Радовиш, RadovisNews, и Ракометната федерација.
Нашиот голгетер и повеќегодишен најдобар стрелец во првенството Ивици Илиев постигна 19 погодоци, со шест погодоци се запиша Филип Николов.
Овој натпревар е увертира за следните натпревари кои се од големо значање за нашиот клуб, и желбата за освојување на позициите кои носат во Плеј-оф завршницата. РК Радовиш покажа дека има одлична екипа оваа сезона и ништо нема да ги спечи да ги реализира зацртаните планови во следните натпревари на домашен и гостински терен.
Новина во клубот е левото крило Зоран Стојановски кој овој натпревар беше прв како ново засилување за нашиот клуб. За РК Радовиш на денешниот натпревар право на настап доби и нашиот Здравко Постолов.
РК РАДОВИШ – РК МЕТАЛУРГ 2 49:34 (22:12)
Сала: 25-ти мај во Радовиш. Гледачи: 500. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Васил Чавдаров.
Радовиш: Паунов, Тушев, Ѓорѓиев 2, Ѓоргиевски 3, Долдуров 3, С.Ѓорѓиев 4, Илиев 19, Николов 6, Органџиев, Везенковски 6, Ристов, Стојановски 3, Трајанов, Постолов, Фенов 3, Јованов.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 мин.
Металург 2: Михајлов , Мелоски 1, Кофиловски 4, Савковиќ 6, Николовски 8, Ацевски, Божиновски, Митиќ 2, Мирчевски 1, Василевски, Ристовски, Георгиевски, Танев 1, Гајиќ 3, Додиќ 2, Ефтимов 5.
Седмерци: 5/7. Исклучувања: /.