РК Радовиш триумфираше на гостувањето во Велес кај Борец со резултат 33-36 (15-17). Во првиот дел РК Борец имаа темпо, водеа со 1 или 2 гола разлика, но сепак на пауза се замина со предност на нашиот клуб 15-17.
После серијата на РК Радовиш на стартот на вториот дел за 15-21, и разликата која траеше до крајот.
Најдобар беше Ивица Илиев кој постигна 14 голови, додека седум постигна Мирко Мајиќ. Кај Борец се истакнаа крилото Стојановски со осум и десниот бек Ивица Лазаревски со седум.
Можеби ве интересира !
БОРЕЦ – РАДОВИШ 33:36 (15:17)
Сала: Гемиџии во Велес. Гледачи: 300. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.
БОРЕЦ: Димовски 1, Ристовски, Стојановски 8, Павловски 4, Јаневски, Витанов 2, Постоловски 4, Смилев, Аврамски, Николов 3, Солев, Петровски, Минов, Лазаревски 6, Петров 5, Ристов.
Седмерци: 6/8, Исклучувања: 6 мин.
РАДОВИШ: Паунов, С. Спасов, Илиев 14, Марков, А. Спасов, Долдуров 2, Ѓорѓиев 3, Фенов 2, Соколов 5, Симиќ 4, Мајиќ 7.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 14 мин.