РК Струга славеше со победа со 22:19 во рамките од првото коло од Супер лигата, кое се одигра после скоро цела година пред публика во СРЦ 25 мај во Радовиш, РК Радовиш не успеа да им подари победа на нашите верни фанови.
РК Радовиш во оваа коло одигра солидно, уште во првото полувреме каде што гостите имаа предност од еден гол и заминаа со резултат 11-10 на пауза, второто полувреме започна со исто темпо и неизвесност, Струга рутински ја одржуваше својата предност за на крај се израдува на првите три бода од оваа сезона совладувајки ја домашната екипа со резултат 19-22.
Ракометарот од Струга, Бобан Блажевски со 11 гола беше најефикасен. РК Радовиш ефикасноста ја имаше преку Зоран Стојановски со четири погодоци, Органџиев три погодоци.
Второто коло РК Радовиш гостува во Скопје кај шампионот РК Вардар.
1. КОЛО:
Вардар – Скопје 48-24
Пелистер – Пелистер 2 29-24
Охрид – Тиквеш 29-24
Бутел – Прилеп 28-27
Металург – Пролет 22-24
Радовиш – Струга 19-22
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови