Во последното коло од регулариот дел на првенството во Супер ракометната лига на Македонија денес во Срц „25 мај“ во Радовиш нашите ракометари ја пронижија четвртата последователна победа.
Во оваа коло РК Радовиш беше убедлив против екипата на РК Прилеп со што покажа крајниот резултат од 41-24 за нашиот ракометен клуб.
Благодарност од управата и ракометарите до сите присутни кој беа дел од овој натпревар посебно до верната навивачка група „Лебари“ кои ги бодреа нашите ракометари во текот на целиот натправар.
РК Радовиш ја очекува ждрепката за плеј-аут завршницата која ќе има уште неколку натпреври во разигрувањето.
Можеби ве интересира !
РК РАДОВИШ – РК ПРИЛЕП 41-24 (22-12)
Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.