После паузата, започна Супер ракометната лигата на Македонија. Во натпреварот од 15. коло, екипата на РК Металург 2 го пречека тимот на РК Радовиш.
Натпреварот почна одлично РК Радовиш поведе со 0-3. Но домашните се вратија во игра, и успеваа да фатат ритам во играта, на паузата се отиде со резултат 10-9. Вториот дел почна со три погодоци за нашите ракометари, кои на крајот стигна и до максимални девет голови, а мечот заврши 21-29.
Најдобар стрелец кај РК Радовиш беше Мајиќ со девет голови, Илиев даде осум. А кај РК Металург 2 Гошевски даде пет гола.
Можеби ќе ве интересира !
РК Металург 2 – РК Радовиш 21:29 (10:9)
Металург 2: Василевски, Богдановски, Смилевски 2, Гошевски 5, Трајковски, Божиновски 1, Додиќ 2, Лембанов 1, Младеновиќ, Гајиќ 2, Тодоров 1, Кондев 1, Митиќ 2, Ристовски 2, Костески 2, Кофиловски. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 6 мин.
Радовиш: Паунов, С. Спасов, Илиев 8, Марков 1, Трајанов, А. Спасов, Долдуров, Ѓорѓиев 2, Фенов 1, Постолов 2, Соколов 3, Јованов, Симиќ 3, Ристов, Мајиќ 9, Јованов. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски од Скопје.