Ротари клуб Струмица организира настан кој ќе биде од донаторски карактер – средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема


Со особена чест и гордост Ве информираме за формирањето на Ротари клуб Струмица, дел од светската мрежа на Ротари Интернационал, која брои над 1.4 милиони членови и над 45.000 клубови ширум светот, обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка.

Свечениот настан на официјалното чартерување (отворање) на клубот ќе се одржи на 17.05.2025 година (сабота) во Хотел Сириус, со почеток во 20:00 часот. Настанот ќе биде збогатен со пригодна програма, музика и присуство на бројни гости и поддржувачи.

На чартер-забавата се поканети:

  • претставници на верските заедници;
  • пратеници од Општина Струмица;
  • градоначалниците од Струмичкиот микро-регион;
  • советници од Општина Струмица;
  • директори на јавни институции;
  • истакнати бизнисмени и претприемачи;
  • како и бројни пријатели и соработници кои ја поддржаа иницијативата.

Настанот има и донаторски карактер – средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение – Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница Струмица.

Ова е прв ваков настан во Струмица и претставува важен чекор во развојот на заедницата, преку хуманитарна, едукативна и општествено одговорна работа.

 

Се вели во информацијата од Ротари клуб Струмица

Погледнете повеќе

Повеќе информации