Војници ќе добиваат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година минат труд.
Професионалниот ангажман а војниците со наполнети 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.
Синдикатот на одбраната и министерката за одбрана Радмила Шекеринска после средбата најави ваквата отпремнина, рече дека ги информирала членовите на Синдикатот за предлогот на Владата со цел да им се оддолжат на војниците кои тоа и го заслужуваат. Оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или пак оние кои имаат 25 години ќе можат да добијат 25.000 евра итн.
Синдикатот на одбраната целосно го поддржал предлогот на Министерството и порачал што е можно порано да се имплементира овој предлог.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови