РУДНИКОТ БОРОВ ДОЛ РАСПИША ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Рудникот Боров Дол распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Оглас за Автомеханичар

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одржување и поправки на возила;
  • Контрола, дијагностика и поправка на механичката состојба на патнички возила;
  • Вршење на дефектажа на појавените проблеми;
  • Обработка, санација и замена на делови;
  • Вршење на моторни сервиси;
  • Проверка на возилото по извршената работа и предавање на истото во исправна состојба.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование;
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за тимско работење;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата;
  • Исплата на додатоци на плата согласно ЗРО;
  • Обезбеден оброк;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], со назнака за оглас за “Автомеханичар”.

Краен рок за аплицирање е до 06.03.2024 година.

 

Напомена:
Апликациите без целосно потполнета работна биографија и без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот НЕМА да бидат разгледани!  Само потполни апликации ќе бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на тест и интервју.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации