Рудникот Бучим распиша огласи за вработување

Рудникот Бучим распиша огласи за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Референт за набавки

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Истражување на пазарот за добавувачи:
  • Следење на пазарот за да се идентификуваат најдобри добавувачи со цел да се постигне оптимален квалитет и цена;
  • Проценка на потенцијални добавувачи врз основа на квалитет, цена, рокови на испорака и други релевантни критериуми.
  • Преговарање и склучување на договори:
  • Преговарање за условите на договорите (цени, услови за испорака, рокови и други услови);
  • Изработка и потпишување на понуди, нарачки и договори со избраните добавувачи, во согласност со внатрешните правила на Друштвото.
  • Планирање на набавки:
  • Координација со другите оддели за да се осигури навремено и ефективно снабдување со потребните материјали и услуги.
  • Комуникација со добавувачи:
  • Одржување на постојани контакти со добавувачите и следење на нивните перформанси;
  • Редовно оценување на добавувачите според утврдени стандарди, за да се осигураат квалитетни производи и услуги.
  • Управување со документација:
  • Прибирање, доставување и комплетирање на сите релевантни документи поврзани со процесот на набавки (понуди, договори, фактури…);
  • Обезбедување на целосна документација според внатрешни правила со цел лесен пристап при ревизија или контрола.
  • Управување со ризици:
  • Идентификација и проценка на потенцијалните ризици во процесот на набавки (зголемување на цени, доцнење на испораки…);
  • Развивање на стратегии за управување со овие ризици, вклучувајќи развој на резервни планови.
  • Следење на залихите:
  • Контрола за одржување на оптимални залихи во склад со потребите на Друштвото;
  • Комуникација со магацин со цел непречен прием на набавените материјали.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години во областа;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за набавки”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.

 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Асистент на раководен орган / Службеник за обработка на податоци  

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Административна поддршка:
  • Организирање и координирање на работни активности, вклучувајќи собирање и документирање на релевантни информации и материјали во домен на корпоративна општествена одговорност
  • Подготовка и уредување на деловни документи: дописи, записници, агенди, извештаи и презентации.
  • Одржување на електронска база на податоци и документација,
  • Обезбедување на административна поддршка, вклучувајќи управување со документи, како и следење на рокови за проекти.
  • Комуникација и кореспонденција:
  • Примање и одговарање на телефонски повици, е-пошта и писма и други комуникации.
  • Пренесување на информации и задачи од зам. управителот до други релевантни служби, за одржување на координација во работењето.
  • Истражување и анализа:
  • Извршување истражувања за актуелни трендови и иницијативи во областа на корпоративна општествена одговорност
  • Подготовка на аналитички извештаи со резултати од истражувањата и обработка на податоци
  • Организација на настани:
  • Планирање и организирање на внатрешни и надворешни настани, вклучувајќи управување со логистика,
  • Координација на активности: Соработка со сите релевантни оддели и надворешни партнери за да се осигураат сите аспекти на настанот се координирани и реализацијата е успешна.
  • Поддршка во управувањето со проекти:
  • Следење на напредокот на проектите во областа на корпоративната општествена одговорност и редовно известување за статусот и постигнатите резултати.
  • Комуникација со членови на проектниот тим за координација на задачи и активности, осигурувајќи исполнување на роковите.
  • Изработка на извештаи и анализа на резултати:
  • Подготовка на редовни извештаи за активностите и постигнувањата во областа на корпоративната општествена одговорност, со акцент на постигнатите цели и предлози за идни активности.
  • Следење и анализа на ефектите од програмите за корпоративна општествена одговорност, собирање податоци и формулирање заклучоци за усовршување на идните иницијативи.
  • Работа со ИМС документација
  • Организирање, класифицирање и одржување на документацијата поврзана со интегриран менаџмент систем (ИМС)
  • Извршување на други сродни задачи:
  • Извршување на дополнителни задачи и активности кои произлегуваат од работата на раководниот орган, по потреба и по упатство на управителот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – социјални науки, општествени науки, или сродни области.
  • Претходно работно искуство од минимум 1 години во сродна областа/ административна поддршка;
  • Солидно познавање на MS Office пакетот(excel);
  • Солидно познавање на Англиски јазик;
  • Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок од:

  • 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Асистент на раководен орган”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.

 

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации