ДПТУ Бучим ДООЕЛ од Радовиш има потреба за набавка на стоки/дамперски гуми


ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

  1. Купувач

 Купувач  ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш  со адреса : Свети Спасо Радовишки бр.1, Радовиш, електронска адреса:  [email protected]

 

2.    Предмет на набавката

2.1. Предмет на договорот за набавка е набавка на стоки – дамперски гуми.

2.2. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа   документација.

2.3. Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни елементи. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.

2.4. Купувачот го задржува правото да не ја реализира целата вредност на договорот.

2.5. Времетраењето на договорот е за период од 12  месеци по потпишување на договорот од двете договорни страни.

3. Утврдување на способност

 

3.1. Лична способност

Секое заинтересирано лице кое сака да учествува во изборот на најповолен понудувач треба да ги исполнува следните услови:

  • да биде регистрирано во централниот регистар на трговски друштва;
  • да немаат забрана за вршење на дејност;
  • да не се капитално управувачки и роднински поврзани со некои од раководните органи или во вработени во правните лица ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш;

Понудувачот за да ја докаже личната способност треба да достави:

  • Тековна состојба не постара од 3 месеци издадена од страна на ЦРМ на РСМ;
  • Тековна состојба за вистински сопственици издадена од ЦРМ на РСМ;
  • Потврда од ЦРМ дека не е изречена забрана за вршење дејност;

 3.2. Техничка способност

– не се бара

 

  1. Понуда

  • Понудата се состои од:
  • пополнет образец на понуда
  • пополнета листа на цени

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот на нејзиното доставување.

Рок на доставување на документација:  07.04.2025 година.

 

  4.1.  Начин на доставување на документ

Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.

Понудувачот во листата на цени ја внесува цената за секоја позиција поединечно.

Понудата се поднесува во електронска форма  и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.

Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.

 

Документите издадени до ЦРМ треба да се електронски потпишани од страна на издавачот.

Електронската адреса за доставување на понуда и документација: tender@bucim.mk

Предмет(Subject) на пораката:    TEN-013

Сите документи се доставуваат само по електронски пат. Документација пратена на друга електронска адреса или доставена во хартиена форма нема да се разгледува и ќе се смета за неуредно доставена документација што води кон дисквалификација на понудувачот.

По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат известени за одлуката за прифаќање / одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.

 

5.     Задолжителни елементи од договорот за набавка

5.1.   Начин на плаќање

Се предвидува следниов начин на плаќање: одложено плаќање во рок од 60 дена по достава на фактура за испорачани стоки. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена.

5.2.  Рок и место и начин на испорака

Добавувачот е должен да го испорача предметот на договорот сукцесивно во рок кој ќе биде наведен во понудата од денот на добивање на порачка од Секторот за комерција и логистика во магацините на  ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш. Рокот и местото и начинот на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место и начин на испорака поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена.

5.3. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавка.

5.4. Авансно плаќање

За извршување на договорот за набавка не е дозволено авансно плаќање.

 

Тендерска документација:  Дамперски гуми-тендерска документација

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации