На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.

Со тоа се апелира на еднакви права за пристап до безбедна вода за сите луѓе, како и да се потенцира глобалниот тренд на намалување на резервите на вода, предизвикани од нејзиното нерационално трошење и нефилтрирање на водата.

Од 1993 година со одлука на Генералното собрание на ОН секоја година на 22 март се одбележува Светскиот ден на водата со цел да се подигне свеста на јавноста за важноста на водата и да се промовира одржливото користење на постоечките водени ресурси.

Но, и покрај тоа што безбедна и чиста вода за пиење и соодветни санитарни услови е човеково право и одбележувањето на Светскиот ден на водата, податоците се поразителни. Речиси една третина од светската популација нема пристап до вода за пиење

Според податоци на Обединети Нации, денес над две милијарди луѓе ширум светот живеат без вода за пиење во своите домови. Околу четири милијарди луѓе се соочуваат со недостиг на вода во траење од најмалку еден месец во текот на годината, додека приближно 159 милиони луѓе собираат вода за пиење од површинските води – езера, реки и потоци. Експертите предупредуваат дека до 2030 година над 700 милиони луѓе би биле погодени од недостиг на вода. Денес околу 68,5 милиони бегалци ширум светот имаат проблеми со пристапот до вода за пиење. Секоја година околу пет милиони луѓе во светот умираат од болести предизвикани од загадена вода, а над 700 деца под пет години секојдневно умираат од болести предизвикани од контаминирана вода или лоши санитарни услови.Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.

До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат – алармираат експертите.

Помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации.

Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.


Водата е извор на животот и без неа не би можеле да функционираме. Дознајте неколку интересни факти за таа течноста што зрачи живот.

1. Човекот без вода може да издржи пет до седум дена. За споредба, без јадење можеме да живееме околу шест недели.

2. Австралиската коала може да живее без вода, течност внесува јадејќи лисја од еукалиптус.

3. Иако територијата на планетата Земја е 70% покриена со вода, од таа вода може да се пие само еден процент.

4. Истражувањата покажале дека топлата вода може побргу да се замрзне отколку студената. Но, не постои прецизен одговор зошто е тоа така. Можно е разликата да е во тоа дека топлата вода повторно се лади, испарува, формира мраз или пак причината е во разредените гасови на топлата и ладната вода.

5. Во текот на замрзнување водата ке доживее неверојатни трансформации. На температура од минус 120 степени станува растеглива, а на температура од минус 135 степени се претвора во т.н. “Стаклена” вода. “Стаклената” вода е цврста материја во која нема кристална структура како во стаклото.

6. Сите животни и растенија се состојат од вода: риби од 75% вода, медузи од 99%, компирот од 76%, доматот од 90%, краставици од 95%, телото на штотуку роденото бебе од 75%, а 60% вода во телото на возрасниот човек.

7. Водата е одлична за витка линија: ако ги избегнуваме засладените пијалоци и наместо нив пиеме вода, во енда година ке изгубиме дури 3 килограми без било каква диета.

8. Дури 85 проценти од болестите во светот се пренесуваат преку вода.

9. Ако не пиеш доволно вода, твоето тело ја црпе од кожата која брзо старее – затоа редновно пиј вода! Се препорачува барем осум чаши вода на ден.

10. Резервите на слатка вода на нашата планета не се рамномерно распоредени. Азија ги има најмногу, а Австралија најмалку.

 

 


Погледнете повеќе

Повеќе информации