• Услови за користење
  • Импресум

СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 21 ДЕКЕМВРИ-ДЕНОТ НА ТУРСКАТА НАСТАВА ВО МАКЕДОНИЈА

По повод  „Денот на турската настава во Македонија“  во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, ќе биде одржана свечена прослава, која ќе биде организирана од Здружението на турците од источна Македонија и  ООУ „Крсте П. Мисирков“ од Радовиш.

 

Настава на турски јазик во Македонија  се изведува од далечната 1944 година.

Со измените на законот за празници на Македонија – 21 декември е прогласен за ден на настава на турски јазик како празник за припадниците на турската заедница во Македонија. 

Од организаторот упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од оваа свечена прослава.

 






 









 

 

Related Articles

Временска прогноза