Македонија го празнува Св. Климент Охридски

(СЛО – ВЕН – СЛОВО НА BЕНЕТИТЕ – Значи јазикот на Bенетите)

Свети Климент Охридски  е роден 836г. а умрел 916г. во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.

По смртта на Св. Методиј бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во Бугарија, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Bо Бугарија го пренасочил кнезот Борис во Христијанска вера, кoј за тоа добил на подарок земја околу Охрид, каде изградил манастир и училиште. Свети Климент Охридски ги ”осветил” и гробовите на покојните пагански потомци на кнезот Борис.

Со дозвола на бугарскиот кнез Борис 1 оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 у ченици.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, КИРИЛИЦАТА Е ПРЕНЕСЕНА во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа  од страна на Константин Брегалнички, која ја прават врз основа на ДРЕВНО МАКЕДОНСКОТО ПИСМО (ВЕНЕТСКОТО ПИСМО) но И СО модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Сигурно и Свети Наум Охридски Чудотворец, имал учество во основање на кирилицата, Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму.

“Пентикостар” (Цветен триод) црквенословенски ракопис од Преспанско, македонска редакција од крајот на 13.Век


Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Во чест на светецот, во Република Македонија и други места и многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име.

Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент. Исто така името на светецот го носи  и универзитетот во Битола .

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации