Благој Илиев поранешниот градоначалник на Општина Конче повторно е номиниран за кандидат за оваа општина и ќе му биде против кандидат на актуелниот Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие двајца кандидати се соочија и на претходните локални избори каде што најмногу гласови и победи Златко Ристов. Останува да видиме дали се имат променето мислењата за овие кандидати на 19 октомври кога ќе бидат одржани Локалните избори 2025.
СДСМ Конче: Со голема гордост ја објавуваме кандидатурата на Благој Илиев за градоначалник на Општина Конче!
Благој е човек кој во себе носи чесност, трудољубивост и визија за развој на нашата општина.
Тој е подготвен да работи за секој граѓанин, за секое населено место, за подобра иднина на сите нас.
СДСМ секогаш стои на страната на луѓето, а со поддршка на Благој Илиев веруваме дека Конче ќе добие вистински лидер кој ќе внесе енергија, одговорност и нови идеи за развој – се вели во инфромацијата од ОО СДСМ Конче

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


