СЕМИНАР ВО РАМКИТЕ НА „ПРОЕКТОТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЕКОСИСТЕМСКИ-БАЗИРАНО НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ“

Во рамките на „Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија” денес беше одржан еднодневен Семинар  за запознавње со концептот на  Еко-ДРР и беше презентиран Проектот.

На почетокот воведно обраќање имаше Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и експерти од ЈИЦА Проектот.

Најпрвин  присутните беа запознаени со ЈИЦА Проектот кој треба да се реализира во општина Радовиш, концептот на Еко ДРР и заштита на шумите и управување со шумите во Јапонија.


На овој Семинар присуствуваа претставници од повеќе институции од општина Радовиш: Центар за управување со кризи, ЈП „Македонски шуми”, ПЕ „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“ Радовиш, МВР ПС-ОН Радовиш, Општина Радовиш, ПЕ „Агенција за катастар на недвижности“ Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш и Експерти од ЈИЦА (вклучени на проектот).

 

Општина Радовиш

Погледнете повеќе

Повеќе информации