• Македонија
  • Услови за користење

СЕРИЈА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО АЛБАНИЈА, ПОЧУВСТВУВАНИ И КАЈ НАС!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава, на 26.11.2019 регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170km југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката. Вториот земјотрес кој следуваше веднаш, е со јачина од 5.4 степени со ист епицентар на длабочина од 10 километри.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија.




 


 


 



 

Related Articles

Временска прогноза