Владата во 10 часот ќе одржи итна и вонредна седница за пожарот во ковид-центарот во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 10 лица.
Бројот на жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово за лекување на ковид – пациенти според некои информации е 14. Од Јавното обвинителство наведуваат дека се испитува дали има и други починати лица.
„Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал“, велат од обвинителството.
До раните утрински часови обвинителите ги сослушувале вработените во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови