Синоќа „Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6 а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Македонија и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Во централниот дел од Републиката беше почувствуван со интензитет од IV степени а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени според истата скала. Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2 а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
По серијата земјотреси доцна синоќа, три едноподруго од кои најсилниот со магнитуда од 5,6 степени, кои имаа епицентар во близина на грчка граница на 5 км североисточно од Лерин, а беа почувствувани и во Битола, предизвикаа материјални штети врз куќи, згради и други објекти, со пукање на тавани и ѕидови, испаднати ќерамиди.Сепак, според првите впечатоци нема посериозни оштетувања. Телекомуникациска мрежа во Битола била во прекин.
Земјотресот се почувствува и во Скопје Охрид, Велес и други градови во Македонија.
Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 км јужно од Скопје во Грција во околината на Лерин.
Земјотресот со јачина од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, кои во голем број ги напуштија своите домови.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови