Снегот што од вчеравечер го зафати и подрачјето на Општина Конче предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот. Снегот го отежна и одвивањето на наставата во неколку подрачни училишта. Поради непристапниот пат настава немаше во подрачните училишта.
Екипите на ЈП „Лакавица“ со механизација во текот на денот работат и ги чистат улиците и патиштата низ општината.