Советниците на денешната седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци, денес беа донесени и одлуките за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш како донација со намена за помош на настраданите граѓани во пожарот во Кочани, исто така на самиот почеток на седницата со едно минутно молчење им оддадоа почит на жртвите кои загинаа во овој пожар.
Од страна на Градоначалникот Ацо Ристов на оваа седница пред совениците беше презентиран проектот за изведба на Рекреативен парк „Воденица“ на Радовишка река
Седницата ја водеше Претседателот Страхил Гавритов.