„На продолжената 53-та седница на советот на општина Радовиш на 10.03.2021 беа разгледани точките кои се однесуваат за спортската сала во Радовиш, а не како што беше пренесено дека седницата била прекината.
Сакаме да информираме дека за тие точки беа побарани извештаи за работата и образложение за состојбaта во која се наоѓа спортската сала. Бидејќи сакавме да ја утврдите фактичката состојба, денес нашата советничка група беше во посета на СРЦ и разговаравме со дирeкторката за моменталните проблеми во работењето на истата.
Бидејќи никој не ја известил вд директорката дека треба да дојде и да се произнесе по точките, ние ја поканивме на наредната седница да ги образложи проблемите пред сите советници и пред граѓаните за да може да се добие целосна слика зошто се плаќаат огромни суми од џебот на граѓаните за струја и вода.
И прашуваме зошто не се заменети рефлекторите со поекономични светилки и не се санираат дефектите со протекување на вода во соблекувалните за да не скапуваат ѕидовите?“
Информираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови