Советот на општина Радовиш вчера ја одржа итната 45 седница на која беше верифициран мандатот на новиот советник Жаклина Свиркова, а исто така беше избрана Викица Манолева за нов Претседател на Советот на општина Радовиш.
Веднаш после оваа седница Советот работеше со 46 итна седница на која се донесоа одлуки со кои за образовните институции од општината даде согласност за одобрување настава со физичко присуство на учениците во училиштата.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење