СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА 38-ТА РАБОТНА СЕДНИЦА

УСВОЕНИ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИТЕ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2019 ГОДИНА, И РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА ЗА 2020 ГОДИНА.

Советот на општина Радовиш ја одржа својата 38 работна седница на која беше работено со дневен ред од 24 точки. Седницата ја водеше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, а се работеше во полн состав со присуство на сите советници.

На оваа седница советниците поставуваа Советнички прашања на кој на дел од нив одговор даде Градоначалникот Герасим Конзулов. Исто така беа разгледни извештаите од областа на јавниот ред , мир и безбедност на сообраќајот на патиштата, беа разгледани и усвоени предлог-одлуки за изработка на техничка документација на повеќе инфраструктурни објекти во населените места и градот. Советниците имаа можност да ја разгледат и усвојат програмата за работа на ЈП Плаваја за 2020 година.

После паузата Советот продолжи со работа и разгледување на предлог одлуката од комисијата за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2019 година., како и за спортски работник за повеќегодишна работа, овие предлози беа усвоени од страна на советниците.

Од комисијата исто така беше доставена и предлог-одлуката за распределба на средства за спорт од буџетот на општина Радовиш на спортските клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2020 година, и предлог одлука за распределба на средства од буџетот за здруженија на граѓани и сојузи од областа на културата.

Овие предлог одлуки после координација, и корегирање на дел од предложените суми на неколку спортски клубови и здруженија беа усвоени и донесени.


 


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации