ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ И МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА Е БИЛАНСОТ ОД СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ИЗЛЕЗОТ ОД РАДОВИШ

Како што информираше нашиот портал за сообраќајната несреќа која се случила на булеварот кон излезот од Радовиш, а во близина на бензинските пумпи.
 
Официјално настанот го потврди СВР Струмица, која информираше дека од засега непознати причини автомобил марка „мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици.
Од последиците на оваа несреќа која се случила синоќа околу 2 часот три лица се повредени и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, исто така  полицијата извршила увид на местото на несреќата.


 

 



 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации