• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

ПЕРО АНТИЌ УСРЕЌИ 50 ДЕЦА ОД РАДОВИШ И КАВАДАРЦИ

Натпреварот меѓу Црвена Звезда и Анадолу Ефес во рамките на Евролигата, покрај 7.000 навивачи на српскиот шампион го проследија и 50 млади македонски кошаркари.

Со помош на Перо Антиќ, во арената „Александар Николиќ“ присуствуваа играчи Кавадарци и Радовиш кои ја остварија својата животна желба да изгледаат евролигашки натпревар, а потоа да се сретнат со својот идол.

Импресиите од несекојдневното искуство ги пренесе Атанас Димов, тренер на младинските категории на Фени Индустри.

„Дводневното гостување во Белград беше во организација на КК ПРО-БАСКЕТ Академија од Кавадарци, во координација и соработка со КК ФЕНИ ИНДУСТРИ и КК ПЛАЧКОВИЦА каде тренер е Диме Баснарков.

Гостуваа 50 деца од Кавадарци и Радовиш кои го проследија натпреварот од рамките на Евролигата меѓу Црвена Звезда и Анадолу Ефес. Посетата на Белград беше искористена и да одиграме пријателски натпревар со тимот на Црвена Звезда од генерацијата М16.

Благодарение на добрата организација и одличниот пречек од домашната екипа, се помина во најдобар ред и го реализиравме претходно замисленото со огромна помош од самите играчи кои презентираа професионален културен спортски однос на и надвор од теренот. Голема помош имавме од координаторот и тренер на Фени Индустри Горан Самарџиев кој оствари контакт и договори средба со Перо Антиќ.

Посебна благодарност до Перо Антиќ за безрезервното заложување и дружење со младите кошаркари – тоа е човек со огромно срце и поради тој гест сум убеден дека младите играчи ќе добијат дополнителен елан и мотивација за уште понапорна работа за еден ден да го достигнат епитетот на својот идол – ЛЕГЕНДА.

Утредента се одигра пријателски натпревар во генерациите М16 каде домаќинот уште еднаш ја потврди професионалноста, коректниот однос и сериозниот пристап кон секој натпревар. Беше остварена средба за понатамошна соработка и повторно гостување”, истакна Димов во разговорот со basketball.mk.

Извор: КК Плачковица Баскет – прилог basketball.mk 

Related Articles

Временска прогноза