• Услови за користење

СЛЕДУВА УШТЕ ЕДЕН БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД

Следува уште еден богат спортски викенд за нашите клубови.

Второлигашкото првенство продолжува утре со натпреварите во 13.00 часот, нашата ФК Плачковица овој викенд гостува во Пехчево кај ФК Кит-Го, после дерби натпреварот кој беше одигран на градскиот стадион во Радовиш минатата недела со ФК Тиквеш и нерешениот резултат, очекуваме дека нашите фудбалери и овој натпревар ќе бидат позитивни и успеаат да освојат бодови.


Ракометарите на РК Радовиш, кои во вонредното кој во средата претрпеа пораз од РК Металург на домашен терен, гостуваат во Скопје кај РК Вардар Јуниор, натпреварот е закажан во 19.00 часот во недела.

РК ВАРДАР ЈУНИОР – РК РАДОВИШ

Недела 10.11.2019 год, Срц Јане Сандански Скопје
Почеток 19:00 часот.

Овој натпревар ќе можете да го проследите во живо на страницата на Ракометната федерација на овој ЛИНК

Во понеделник младинците на РК Радовиш ќе го одиграт натпреварот со РК Охрид, терминот е 16.00 часот во Срц „25 мај“ во Радовиш.


Третолигашкото првенство продолжува во недела со натпреварите, на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра дерби натпреварот во оваа лига.

ФК Раклиш го дочекува претендентот за влез во втората лига ФК Слога од Виница, натпреварот е закажан за во недела од 13.30 часот.

ФК РАКЛИШ – ФК СЛОГА Виница

Трета фудбалска лига (Југоисток)
Недела 10.11.2019 година, Почеток 13.30 часот.
Градски стадион Радовиш

ФК Детонит оваа коло гостува во Струмица кај екипата на ФК Тиверија, и овој натпревар е во недела од 13.30 часот.


ЖФК Плачковица, 9-то коло од Првата женска фудбалска лига го игра во Среда 13.11.2019 година, викедот паузираат поради настап на А репрезентацијата на Македонија против  репрезентација на Австрија.

 

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза