Кандидатот за Градоначалник од редовите на ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата го посети Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче и од таму во нивните разговори истакна дека било разговарано за нивните проблеми, за малите пензии, за отсуството на нивните фамилии, за немањето места за рекреација и за лошите услови во пензионерскиот дом.
„Велат порано бевме едно од најактивните здруженија во Македонија а сега имаме само една до две активности во годината. Оваа ранлива категорија ја изгубила надежта дека во Радовиш можеш да имаш убави и весели пензионерски денови. Тоа мораме да го поправиме. Им ветивме реконструкција на пензионерскиот дом, бифето и дворното место. Им го презентирав новиот рекреативен центар со парк во кој ќе има содржини и за пензионерите. Надежта кај овие луѓе мора да се врати и повторно да се радуваат на нивните внуци и внуки и на нивната меѓусебна дружба.СРЕЌЕН ПЕНЗИОНЕР-СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО! – истакна Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови