СТАРТУВА НАЦИОНАЛНИОТ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО

После 19 години стартува националниот попис на населението, а прашалниците како акти од Заводот за статистика се донесени уште во февруари.

Меѓу најстандардните прашања се оние за број на деца, брачната состојба и дали живеете во вонбрачна заедница, етничката припадност, вероисповест и мајчиниот јазик. Од попишувачот ќе бидете прашани и каде сте се родиле и каде сте живееле претходно пред да дојдете на постојната адреса.

Ќе следува и прашање за какво државјанство поседувате и дали вашето домаќинство живее во земјата или поголемото време во странство. Доколку некое лице од вашето домаќинство е отсутно за време на прашалникот, ќе треба да одговорите зошто не е тука и каде се наоѓа во моментот, односно дали е во странство и колку време и зошто се наоѓа таму.

Ќе бидете прашувани и за зградата, станот и за вашата улога во заедницата со која живеете.

Во статистичката операција ќе треба да одговорите и каков е вашиот економски статус и највисокото завршено образование, како и за тоа која е вашата професија, односно занимање, или во која дејност работите.

На пописот ќе има и прашања за начинот за загревање на домот и за доводот на вода. Ќе бидете прашани и дали објектот во кој ќивеете е ваш, односно на вашето домаќинство или не. 

Ќе бидете прашани и какви физички и здравствени потешкотии имате, доколку потврдите дека се соочувате со таков проблем.

Ќе следуваат и прашања кое превозно средство најчесто го користите, дали сте барале работа во последните четири години и кои се вашите главни извори на приходи за живеење. Има и сет на прашања каков вид на земјиште и стока поседувате, доколку одговорите потврдно.

 

Властите велат дека се е подготвено да почне и да се одржи пописот, како и оти не се очекуваат никакви проблеми. Најавуваат дека има решение и за оние граѓани кои не сакаат да примат невакцинирани попишувачи, и оти ним ќе им бидат испратени вакцинирани.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации