Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес во салата на Советот на општината, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2024/25 год.
Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот.
Оваа година се доделија вкупно триесет и осум стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: дваесет и седум стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, шест стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и пет стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. а се доделуваат 9 (девет) месеци во годината.
Општина Радовиш