По трет пат оваа момче го фати Светиот господов крст на Водици во Радовиш
Во Радовиш големиот празник „Водици“ беше прославен од страна на верниците, кои што на базенот во комплексот Д-клуб се сообраа масовно да го проследат фрлањето на светиот крст.
https://www.facebook.com/RadovisVesti/videos/171484790765927/
Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2020 во Радовиш започна со света литургија во двата храма Св. Пророк Илија и Св. Троица, од каде што после литургијата верниците во Литија се упатија кон базенот.
Овде се изврши големиот водосвет, по кој ќе следуваше фрлањето на крстот. Најсреќен и оваа година кој успеа да го фати чесниот крст беше Стојанче Вучковски кој помеѓу големиот број пријавени кандидати беше најсреќен, тој од овогодишниот кум Ѓорги Ристов доби подарок, а од страна на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Герасим Конзулов ЛЦД Телевизор исто така подароци му додели и Православната црква од Радовиш, Зегин, Рудникот Бучим и други.
Кумството од овогодишната манифестација од страна на Ѓорги Ристов беше предадено на Горан Поцев кој ќе биде кум за наредната година.
Комплетна фотогалерија