Страхил Гавритов со независна кандидатура за Градоначалник на Општина Радовиш

Заврши рокот за поднесување иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и иницијативи за предлагање на листи на советници за советите.

Според информациите кои ги објави Државната изборна комисија (ДИК) за Радовиш нема доставено иницијатива за независни советнички листи но има една иницијатива за независен кандидат за градонаалник.

Страхил Гавритов е кандидатот кој ќе ги бара гласовите како независен кандидат од Радовишани.

Кој е Страхил Гавритов?

Актуелен Претседател на Советот на општина Радовиш, вработен во ЈП „Плаваја“ Радовиш, со долгогодишно работно и политичко искуство.

Роден на 3 јули 1972 година е дипломиран електро инженер, оженет татко на две деца, вработен од 2001 година во ЈП„Плаваја“ Радовиш.

Во својата кариера во ЈП„Плаваја“ бил Одговорен електро инженер на  ниво на претпријатие, а во последните 8 години е Раководител на Секторот за контрола на корисници.

Избиран е во три мандати за член на Советот на општина Радовиш 2000-2005, 2005-2009 и 2021-2025 во сите три мандати беше избиран и за Претседател на Советот на општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации