Стрелците од ЗЛТ „Готен“ од Радовиш, вчера учествуваа на Турнирот кој беше во организација на ЗЛТ „Фазан“ од Василево.

Нашите стрелци во состав Иван Атанасовски, Ратко Рабаџиски и Ѓорги Ципушев успеаа да „испукат“ најдобро и го освоија Првото место во екипна конкуренција помеѓу големиот броја на екипи и натпреварувачи кои учествуваа на овој традиционален-меѓународен турнир во „Стрелање на подвижни мети-Трап“.
Исто така од нашата екипа Ѓорги Ципушев го освои второто место во поединеча конкуренција со погодоци 13/15 во мајсторката.

Честитки од редакцијата на RadovisNews за успехот и достојното претставување на Радовиш на овој Меѓународен турнир.














