Следната сезона во Супер лигата ќе ги има екипите на Радовиш, Работнички, Вардар, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2 ,Вардар Јуниор, плус Охрид и Струга, Пелистер и Еурофарм Работник.
Почетокот е закажан за седни септември и првиот дел од сезоната треба да заврши најдоцна до средината на декември.
Ова е одлучено на годишната конференција на клубовите, а потоа ќе се организира и ждрепка за двојките.
Екипите кои ќе настапуваат во СЕХА лигата Вардар и Еурофарм Работник ќе се приклучат во домашното првенство напролет.

















