• Услови за користење
  • Импресум

ТЕСТИРАНИТЕ ЛИЦА ОД РАДОВИШКО ЗА КОВИД-19 СЕ НЕГАТИВНИ

Нема позитивни за сега во Радовиш и радовишко!

👉 ЈП Плаваја поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај Раклиш а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај Јака Табак. Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини.

👉 Мобилниот тим на Црвениот крст е активен на терен. Се делат прехрамбени и санитетски пакети за ранливите категории граѓани по список добиен од Центарот за социјални работи. 120 пакети се обезбедени од Општината.

👉 МВР – 15 лица се под контрола во општината до 31.03.
Тринаесет во самоизолација и две со решение на ДСЗИ.
Издадени се 12 кривични пријави за граѓани на општината кои не ги почитувале здравствените прописи за време на пандемија и мерката полициски час (20-26.03).

👉 Центар за јавно здравје Штип – сите тестирани лица од радовишко во перидот од 25.03. до 30.03 се негативни.

👉 ДСЗИ – до денес на територијата на општината нема позитивни лица на Ковид-19 и сите лица кои се во домашна изолација до сега не покажале знаци на заболувањe.

Информираше денес градоначалникот Конзулов.

 



 

Related Articles

Временска прогноза