• Услови за користење
  • Импресум

ТИКВА – богатство од здрави и хранливи состојки

Тиквата има познати и од страна на медицински лица потврдени лековити својства. Тиквата (Cucurbita Maxima) е член на фамилијата „Cucurbitaceae“, зеленчук кој се појавува во многу различни форми и големини. Различните видови се разликуваат во изгледот и вкусот, но сите тие имаат заеднички карактеристики, како што е заштитната кора која овозможува да се чува подолго време.

Изобилува со хранливи материи, а бидејќи има само 28 калории во 100 гр, таа е идеална намирница за здраво слабење.

Нејзиниот состав го сочинуваат високо ниво на антиоксиданси и каротен, и особено високо ниво на витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар. Содржи и калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите, железо кое е важно за крвта и манган кој ја чува кожата.

Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета кротен и витамин Е – силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од отпадните материи. Тиквата е добар лаксатив кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот на цревата. Се препорачува и за лечење на акните. Богатството од природно избалансирани витамини и минерали во тиквата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.

Тиквата можете да ја употребувате и за нега на кожата, за подобрување на состојбата со проблематичната кожа на лицето, лечење на акните и како маска за ревитализирање на кожата, таа го подобрува и процесот на спиење.

Семките од тиква се одличен извор на протеини 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението.

Маслото од тиква содржи голем процент на бета каротен, витамин Е и калиум кои му се потребни на нашиот организам.

Печена тиква: Вкусен рецепт за есенските денови

Штета е да не ја искористите кралицата на есента како вид десерт, а еден од наједноставните начини за подготовка на тиквата е нејзино печење во рерна. Всушност, ова е рецепт за кој ви е потребно само малку време. Самите вие можете да го одредите вкусот, односно да се одлучите за блага или солена варијанта. Ѓумбир, лук или лута пиперка одлично одговараат за солениот вкус на тиквата, додека пак нејзините идеални додатоци во слатка варијанта се цимет, јаворов сируп, ванила и рум.

Цела тиква:

За да испечеме цела тиква потребно е прво добро да ја измиеме, потоа со нож да ја засечеме тиквата на целата површина, да ја ставиме во тепсија и да печеме еден час на температура од 200 степени. Испечената тиква ја сечеме на половина и ги отстрануваме семките.

Тиква на парчиња:

Добро ја миеме од надвор , ја сечеме на парчиња по должина, редиме во тепсија обложена со хартија за печење и печеме на 200 степени околу 40 минути. На вака испечената тиква можеме да и додадеме цимет или шеќер во прав и топла да ја сервираме.

Тиква на коцки со маргарин:

Ја лупиме тиквата, ја сечеме на коцки и ја редиме во тепсија за печење, посипуваме со растопен маргарин, шеќер и цимет. Ја печеме на  200 степени околу 30 минути.

 

 




Related Articles

Временска прогноза