• Услови за користење
  • Импресум

ДИМЕ ТОДОРОВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ФК ПЛАЧКОВИЦА

ФК Плачковица почетокот од вториот дел на првенството ќе го започне со нов тренер, Диме Тодоровски е новото име на кормилото на нашата Плачковица.

Како што информираат од управата, ФК Плачковица на поранешниот тренер Гордан Здравков му врачи отказ, „Поради слабите резултати во подготвителниот период и поради негово недолично однесување и најостро ја осудува неговата изјава дека самиот поднел оставка и дека клубот се наога во финансиски проблеми“.

Остануваат уште две недели до почетокот на вториот дел од шампионатот, Диме Тодоровски кој ќе работи заедно со нашиот Јовица Трајчев има предизвик да покаже дека Плачковица може повеќе. Првиот натпревар е на против есенскиот првак ФК Борец во Велес.

ФК Плачковица од есенскиот ден на првенството е на шестата позиција, на средината на табелата, а во овој подготвителен период интензивно се подготвуваше со одигрување на контролни натпревари.

Наскоро ќе бидат претставени и новите фудбалери кои ја заслија Плачковица од овој преоден рок.

 



 





 




Related Articles

Временска прогноза