Денес на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 18.00 часот, ќе се одржи традиционален ревијален фудбалски натпревар.
На овој натпревар ќе настапата фудбалерите кои ги бранеле боите на нашата ФК Плачковица, каде што се предвидува учество на голем број на фудбалери кои биле дел од школата на ФК Плачковица, и активните кои настапувале во сениорскиот тим.
Од организаторот упатуваат покана до љубителите на фудбалот и спортот на дојдат на Градскиот стадион денес и го погледнат овој несекојдневен настан.