Во недела ќе се одиграт натпреварите од 7-то коло во Трета Фудбалска Лига (Југоисток).
На „Градскиот стадион“ во Радовиш ќе биде одиграно домашното дерби помеѓу ФК Раклиш и ФК Детонит терминот на одигрување е 14.30 часот.
Минатото шесто коло ФК Раклиш одигра натпревар со ФК Василиево и претрпе пораз со 2-0, додека ФК Детонит беа домаќини на ФК Малеш од Берово, но гостите не допатуваа во Радовиш со што службено ФК Детонит го доби натпреварот.