• Услови за користење

ТРЕТ ЦИКЛУС ОБУКИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ „Воведување на современи агроеколошки мерки“

Земјоделци-кандидати за грантови, на специјализирани обуки

Во Радовиш започна третиот циклус на обуки за земјоделци-кандидати за грантови за воведување на современи агроеколошки мерки во рамките на проектот за управување со сливот на река Струмица.

Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

За учество на обуките избрани се 80 земјоделски производители од Радовиш и Струмица, градинари и овоштари кои ќе следат специјализирани обуки за земјоделско производство, а од нив ќе бидат избрани 50 грантисти – 20 за овоштарство и 30 за градинарство, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Грантистите ќе бидат избрани преку спроведување на тест на знаење и оние со најмногу бодови ќе бидат добитници на грант во опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки во висина од 300 илјади денари.

Обуките се организираат во октомври и ноември, додека тестирањето ќе се организира во текот на декември 2019 година. Спроведувањето на активностите за воведување на современи, агроеколошки мерки има за цел зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза