Почнаа подготовките за новата реколта тутун
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна издавањето евидентни листови за новата реколта тутун, со што и официјално стартуваа подготовките за годинашново тутунопроизводство.
За евиденција на новото производство, тутунарите до подрачната единица на Министерството поднесуваат имотен лист и барање, а потоа да склучуват договори со откупувачите.
Интересот е голем за новата реколта тутун и се очекува зголемен број издадени евидентни листови од лани кои се своевидна виза за новото производство. Тутунарите кои трпеливо чекаат во ред пред подрачната единица, главно се задоволни од ланската реколта и велат сега се исплаќа тутунот.