На 04.03.2025 во 20.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Џ.Р.(29) од Радовиш, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.