Во Радовиш утре 30 мај, а во соработка со канцеларијата на Европската делегација во Скопје, канцеларијата на УСАИД во Скопје, како и СОУ Коста Сусинов и општинските основни училишта, организираат прекрасен еднодневен настан пропратен со неколку различни содржини.
Програмата која ќе се одвива во дворот и просториите на СОУ Коста Сусинов, најпрво ќе започне со пристигнувањето на ЕУ АВТОБУСОТ, а веднаш потоа ќе биде отворен и традиционалниот „УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ“.
Потоа ќе следуваат СПОРТСКИ ИГРИ на повеќенаменското игралиште како и проектите „ВЕЛО РОДЕО“ и „ЗА ЧИСТО КАКО ДОМА ИСТО“.
Настанот ќе биде збогатен и со присуството на Амбасадорите на: Р.Бугарија во Македонија, неговата екселенција Г-дин Ангел Ангелов, на Р.Италија, неговата екселенција Г-дин Карло Ромео и Директорот на УСАИД во Македонија, Г-дин Едвард Гонзалес.