УТРИНАВА ЗЕМЈОТРЕС СО ЕПИЦЕНТАР КАЈ МАВРОВО

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 5 степни.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 



 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации