УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИТЕ СО НАСТАВА

Од први септември ќе почне со физичко присуство учебната година во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи, одлучи денеска Владата по мислење дадено од Главниот координативен кризен штаб.

Министерство потсетува дека министерката за образованиe и наука Мила Царовска изјави дека во најдобар интерес на учениците е наставата да започне со физичко присуство во училниците и училишните клупи за што се обезбедени сите потребни услови, а вакцинирани се над 62 отсто од вработените во училиштата.

-Мора да знаеме дека настава со физичко присуство ќе се спроведува до моментот додека ни дозволува Комисијата за заразни болести. МОН уште од јули е подготвено со три сценарија како сериозен систем за одвивање на наставата во услови на пандемија. Доколку се влоши состојбата, или влеземе во поголем ризик од овој во којшто сме денеска секако би биле подготвени за да го менуваме сценариото коешто ќе ни биде посочено како посоодветно. Мислам дека сега е значајно сите заеднички да ги почитуваме протоколите, да имаме што поголема вакцинација затоа што нема подобро образование од она со физичко присуство, изјави Царовска.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации