Вчера ООУ „Никола Карев“ се приклучи во одбележувањето на осмиот интернационален “WinterBikeToWorkDay” и реализираше возење на велосипед до училиштето и по улиците на градот, со цел промовирање на велосипедот како превозно средство кое не ја загадува околината но и подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот воопшто.