ДОПОЛНИТЕЛНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Договорот за одржување на  парламентарните избори на 15 јули годинава, доведе до прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена.

Нова одлука за утврдување на постоење вонредна состојба на територијата на целата држава, а со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите.

Одлуката, како што информираат од кабинетот на претседателот, е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

Во таа смисла претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Предвремените парламентарни избори требаше да се одржат на 12 април, но по прогласувањето на првата вонредна состојба поради кризата со коронавирусот во март, со владина Уредба изборните дејствија беа прекинати.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации