Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Н., на возраст од 24 години од село Бучим, радовишко.

Тој бил баран по потерница поради бегство од „Затвор – Струмица“, каде издржувал затворска казна во траење од седум месеци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Лицето имало за доиздржување еден месец и три дена. Е.Н. е спроведен во КПУ „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната.

 

*Фото Архива

Погледнете повеќе

Повеќе информации