Изминатиот викенд во Делчево се одржа една од најпосетените манифестации во тој регион на нашата земја “45 години јубилеј – Делчево фест 2021“ и 15 издание придружна манифестација Пијанечко-Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот, фестивал со натпреварувачки карактер.
Фолклорниот ансамбл ,,Злевски бисери,, од Злеово со својата програма достојно ја претстави нашата општина со изведба на изворни ора од Радовишкиот крај за што се здоби со прво место од публиката, а за обичајот ,,Блага ракија,, се здоби со ,,Специјална награда за обичај,, која за прв пат се доделува од оваа година.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови