Фолклорниот ансамбл Китка од Ораовица и оваа година го одржи традиционалниот новогодишен концерт. Концертот беше вчера во спортската сала во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, насловен како „ФА Китка и пријателите“.
На овој концерт, пред присутните настапија домаќините ФА „Китка“, Група Крешендо од Радовиш, Александар Ицов и Јордан Митев.
Присутните имаа можност да поминат едни прекрасни моменти со изведбите на традиционалните песни и ора од овој наш фолклорен ансамбл, и музичките изведби на пријателите.