Викендот што измина Ф.А „Подарешани“ од Подареш учествуваше на два фолклорни фестивали во Република Србија, поточно во градот Сврљиг и с.Трупале-Ниш.
Презентирајќи го македонскиот фоклор и македонската традиција во Србија ансамблот се здоби со пофалници за нивните прекрасни изведби а истовремено и договори за учество и на други фолклорни фестивали во оваа наша соседна земја.
Членовите на ансамблот се презадоволни од гостопримството на нивните домаќини особено на членовите од КУД „Буклија“ с.Трупале-Ниш во чии домови беа сместени за време на одржувањето на фестивалите.
Плодната работа на нашиот ансамбл, како што истакнува раководителот и претседател на ФА „Подарешани-млади“ – Велин Атанасов доаѓа до израз и во најскоро време ќе има уште повеќе настапи како дома така и во странство.